Енис Барди трансфер мета на Реал Сосиедад

Шпанските медиуми ја пренесуваат веста дека екипата на Реал Сосиедад е силно заинтересирана за доведување во своите редови на Енис Барди.

Македонскиот репрезентативец и член на Леванте, со своите одлични игри го привлече вниманието на екипата од Баскија, која ќе проба да го ангажира Барди во летниот трансфер период.

Реал Сосиедад е само еден од клубовите кои покажуваат интерес за играчот од средината на теренот, кој повеќе од сигурно е дека на крајот од сезоната ќе го напушти Леванте доколку клубот се пресели во втората лига и ќе бара нов предизвик во посилен тим.