Женската фудбалска репрезентација ги стартуваше подготовките

Женската македонската фудбалска репрезентација од денеска во Охрид ги почна подготовките за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Светското првенство.

За натпреварите со Андора и Азербејџан, селекторот Александар Андов ги повика следните фудбалерки: Евгенија Вељановска (ЖФК Скопје), Викторија Панчурува (ЖФК Тиверија-Брера), Слаѓана Ѓоргиева (ЖФК Тиверија-Брера), Данче Карпузовска (ЖФК Тиверија-Брера), Павлинка Николовска (ЖФК Тиверија-Брера), Канита Емини (ЖФК Истатов), Настасија Накова (ЖФК Љуботен), Катерина Петкова (ЖФК Спартак Суботица), Ана Марија Цветковска (WFC Langhus), Лора Сулејмани (RC Saint Denis – Франција), Теона Галабовска (ЖФК Тиверија-Брера), Калина Попески (ЖФК Црвена Звезда), Ева Величковска (ЖФК Љуботен), Мелани Цветковиќ (ЖФК Цирих), Михаела Додевска (ЖФК Скопје 2014), Андреа Коловска (ЖФК Истастов), Јована Павловска (ЖФК Ас Јунајтед), Меланија Грозданова (ЖФК Љуботен) и Илза Максути (ЖФК Љуботен)

Првиот натпревар против Андора го играме на петти јуни во Ла Вела со почеток од 19 часот и 30 минути, додека четири дена подоцна е последниот дуел од овој циклус, Македонија е домаќин на Азербејџан. Натпреварот се игра во Битола со почеток во 19:00 часот.