Закариќ ја освои Автокоманда, Вардар се доближува до врвот

Вардар со пресврт во второто полувреме со 1-2 го победи Скопје на негов терен, актуелниот шампион го искористи киксот на Шкендија и дојде на само минус три до лидерската позиција. Херој беше Горан Закариќ кој ги постигна двата гола.
За вардарци ова беше првата гостинска победа оваа сезона во најдобрата македонска лига.
Мечот не започна најдобро за нив, Виктор Ангелов во 26. минута погоди за водство на Скопје од 1-0. Тоа беше и резултатот од првото полувреме.
По 15 минути игра во вториот дел, по еден одличен центаршут на Пиреш, Закариќ погоди со глава за израмнување на 1-1.
Како одминуваше времето се очекуваше дека натпреварот така и ќе заврши, но во 93. минута Закариќ постигна уште еден гол со глава, овојпат за комплетен пресврт и победа на Вардар од 1-2.