Илоски даде три гола против Орландо во МЛС лигата

Фантастична партија на македонскиот напаѓач, Милан Илоски во дресот на Филаделфија, постигна хет-трик за триумф на неговиот тим над Орландо од 4-2 во меч од МЛС.

Илоски го почна голгетерското шоу уште во 11 минута кога погоди од пенал за водство на Фили од 1-0.

Само осум минути подоцна Илоски даде гол за 2-0. Тоа беше и резултатот со кој заврши првото полувреме.

По шест минути игра во вториот дел Илоски комплетираше хет-трик за 4-0. Прехтодно гол даде Василев.

До крајот на мечот Орландо успеа да даде два гола, но не можеше да направи чудо и да се спаси од пораз.