Квича успешно опериран, се враќа следната сезона

Фудбалскиот клуб ПСЖ објави дека нивната звезда, интернационалецот од Грузија, Квича Кварацкелија, е успешно опериран.
Тој ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото пред неколку дена, а сега од клубот објавија дека е опериран во Доха, Катар.
Секако, на Кварацкелија му следува долг и тежок период на закрепнување и опоравување од тешката повреда.
Според „Тим Ток“, ПСЖ е заинтересиран за играчот на Челзи, Естевао, како замена за крилниот напаѓач од Грузија.