Компани излезе од болница, наскоро се враќа на клупата

Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, е пуштен од болница каде што беше во изминатите неколку денови откако колабираше во тренинг центарот на Баварците.
Винсент Компани е пуштен дома, тој е во добра состојба. Потребен му е одмор, од клубот му порачале дека може да се врати на обврските само кога 100 проценти ќе се чувствува добро.
Компани колабираше во тренинг центарот на Баерн Минхен минатиот петок додека го гледаше вториот тим на баварците.
Не се работи за срцев, ниту за мозочен удар, допрва треба да се утврди конкретната причина за колапсот. При падот заработил и дислокација на рамото. Но, засега не е констатирано некое сериозно оштетување на телото.