Ламине продолжува да руши рекорди: Најмлад со 50 асистенции во лигата

Ламин Јамал продолжува да испишува историја и постави уште еден импресивен рекорд во Ла Лига. Ѕвездата на Барселона стана најмладиот фудбалер кој стигнал до 50 асистенции во шпанското првенство, на возраст од 19 години и 68 дена.
Јамал до јубилејната бројка стигна во победата на Барселона над Севиља со 3:1. Во овој натпревар 19-годишниот крилен напаѓач двапати му асистираше на Рафинја, кој постигна хет-трик.
Со двете додавања против Севиља, Јамал стигна до вкупно 51 асистенција во 159 официјални натпревари за Барселона. Со тоа го надмина досегашниот рекорд кој го држеше Винисиус Жуниор.