Лас Вегас и Сиетл нови франшизи во НБА лигата

НБА e близу до едно од најголемите проширувања во својата историја. Лигата би можела да стигне до бројката од 32 клуба, а како две најсериозни дестинации за нови франшизи се издвојуваат Сиетл и Лас Вегас.
Конечната одлука се очекува до крајот на 2026 година, додека сезоната 2028/29 се посочува како најран период во кој новите екипи би можеле да започнат со натпреварување.
Сиетл веќе има голем дел од потребните услови.
Градот располага со модерната „Климат Плеџ Арена“, развиена спортска инфраструктура и голема база на навивачи. Во Лас Вегас, пак, процесот е нешто покомплициран, бидејќи сè уште не се избрани сопственичката група и конечниот проект за арената.