Ливерпул во контакт со Пауло Дибала

Според пишувањата на познатиот спортски новинар од Италија, Танкреди Палмери, раководството на Ливерпул стапило во контакт со играчот на Јувентус, Пауло Дибала.

Новинарот известува дека англискиот клуб одржал прелиминарни разговори со 28-годишниот Аргентинец, со цел да се запознаат со неговиот статус во Јувентус и плановите за неговата натамошна кариера.

Од Јувентус претходно му понудија нов договор на Дибала, но двете страни не постигнаа согласност околу висината на финансиските примања. Аргентинскиот напаѓач за шест месеци ќе биде слободен играч и може да се пресели во друг клуб без обештетување.

Дибала оваа сезона одигра 23 натпревари за Јувентус во сите натпреварувања, постигнувајќи 11 голови и 4 асистенции.