Македонските ракометарки поразени во дуелот со Црна Гора во Охрид

Македонската женска ракометна репрезентација загуби вечерва од Црна Гора со 29-23, во рамки на вториот натпревар на турнирот „Трофеј Македонија“ што се одржува во Охрид.

Црногорките веќе во раната фаза на натпреварот поведоа со 8-3 и на полувреме заминаа со водство од 15-9, а во воведните минути од вториот дел дојдоа и до највисоки +7 (19-12).

Македонските ракометарки се обидоа резултатски да се вратат во натпреварот и со серија од 4-1 се доближија на четири голови негатива (22-19).

Сепак, избраничките на новиот селектор Игор Марковиќ не успеаја до крајот на натпреварот да продолжат во ист ритам и откако му дозволија на противникот да постигне четири голови во серија поразот беше неизбежен.

Сара Ристовска со осум голови беше најефикасна во македонските редови.

Во првиот натпревар од денешната програма, Хрватска убедливо ја совлада Србија со 28-15.

Македонската репрезентација, вчера во воведното коло ја совлада Србија со 29-21, а во завршното коло, утре со почеток во 19 часот, ќе игра против Хрватска.

Турнирот во Охрид е подготовка за Европското првенство кое ќе се одржи од 3 до 20 декември. (