Манчестер Јунајтед на лето го купува Џон Мекгин од Астон Вила

Екипата на Манчестер Јунајтед посакува да го доведе играчот од средината на теренот на Астон Вила, Џон Мекгин.

Како што пренесуваат англиските медиуми, од Јунајтед се подготвени да издвојат 40 милиони фунти во текот на летото за трансфер на 27-годишниот Шкотланѓанец.

Џон Мекгин настапува за Астон Вила од 2018 година и во вкупно 129 натпревари има постигнато 16 голови.