Манчестер Јунајтед нема да го откупи договорот на Вут Вегхорст

Доаѓањето на Вут Вегхорст во Манчестер Јунајтед не промени многу работи во нападот.

„Црвените ѓаволи“ иако го обезбедија фудбалерот на Барнли на позајмица, тој не успеа да се наметне во тимот, напротив, предизвика лавина негативни реакции кај навивачите поради неговата инфериорност пред голот на противниците.

Тој беше во ситуација да постигне и десетина голови, но постигна еден, кој оставаше надеж дека можеби ќе му биде дадена шанса, односно откупен договорот од Барнли.

Доколку ги прашате повеќето фанови на Јунајтед, ќе ви кажат дека местото на Вегхорст сепак не му е во составот на Јунајтед, а слична одлука донел и тренерот на клубот, Ерик Тен Хаг.

Холанѓанецот нема да му понуди уште една сезона на Олд Трафорд, односно нема да ја продолжат неговата позајмица и тој на крајот од сезоната се враќа во Барнли.