Маркизио ги осуди фановите на Јуве: Легендите мора да се почитуваат

Поранешниот играч од средниот ред на Јувентус, Клаудио Маркизио, го осуди однесувањето на навивачите на „Бјанконерите“ кои одбија да му оддадат почит на Сандро Мацола, кој почина на 84-годишна возраст.

Пред натпреварот од 5-то коло од Серија А меѓу Јувентус и Аталанта, играчите од двата тима и поголемиот дел од гледачите на стадионот „Алијанц“ му оддадоа почит на Мацола, кој целата кариера ја помина во Интер.

Сепак, додека траеше минутата молчење, мала група навивачи на Јуве, свртени со грб кон теренот, почнаа недолично да скандираат.