Марковиќ: Оваа е само почеток, без еуфорија

Македонската женска ракометна репрезентација ја совлада Хрватска со 25-22 и по пауза од 18 години повторно се израдуваа на триумф против оваа селекција.
Ова беше втора победа за Македонија на турнирот во Охрид, по претходниот триумф над Србија.
Селекторот Игор Марковиќ им честиташе на ракометарките за прикажаното, но порача дека екипата мора да остане цврсто на земја и да продолжи да работи пред Европското првенство.
„Најпрво, голема честитка до моите ракометарки за одличниот турнир. Сега можам да бидам задоволен, но има уште многу простор за анализа, која сигурно ќе ја направиме.
Сигурен сум дека секогаш може подобро. Мислам дека вечерашниот натпревар го добивме со одбраната и сигурно ќе продолжиме да работиме на тоа. Имаме уште многу простор за напредок во нашата игра.
Што се однесува до Европското првенство во Романија, мора да бидеме реални и постепено да се подготвуваме. Не смееме да полетаме, бидејќи ова е само пријателски турнир. Мора добро да работиме, детално да ја анализираме Швајцарија и да дадеме сè од себе за да оствариме една голема победа на Европското првенство.
Прво и основно, сигурен сум дека оваа репрезентација има квалитет. Знам дека можеме и затоа мора сите заедно да веруваме дека можеме. Ќе продолжиме да работиме на тоа.