Матлиески повика 16 играчи за турнирот во Црна Гора

Селекторот на машката пионерска репрезентација на Македонија, Никола Матлиески го соопшти списокот на играчи на кои ќе смета за престојниот тунир во Црна Гора.На списокот се 16 ракометари за дуелите со Црна Гора и Косово, ракометари од Југозападниот регион.-Во рамки на меѓународниот регионален турнир У16, на кој Македонија учествува заедно со репрезентациите на Црна Гора и Косово, предвидени се три турнири кои ќе се одржат во секоја од земјите учеснички.
Првиот турнир ќе се одржи во Црна Гора, во рамки на ЕХФ неделата во ноември 2026 година, на кој Македонија ќе настапи со ракометари од Југозападниот регион.
-Вториот турнир е предвиден за јануари 2027 година во Македонија, на кој можност за настап ќе добијат ракометарите од Североисточниот регион, додека третиот турнир ќе се одржи во Косово каде што ќе се настапи со најдобрата пионерска селекција.
-Основната цел на ваквиот начин на селекција е селекторот и стручниот штаб да добијат што поцелосна и пореална слика за потенцијалот и квалитетот на ракометарите од двата региона.
Дополнително, оваа генерација на ракометари (У16) ќе учествува и на Медитеранските игри, кои ќе се одржат во Скопје од 18 до 25 април 2027 година. Овој меѓународен настап претставува уште една значајна можност за стекнување натпреварувачко искуство и понатамошен развој на младите репрезентативци.
-По завршувањето на регионалните турнири, стручниот штаб ќе има можност да направи сеопфатна анализа и проценка на ракометарите, што ќе претставува основа за понатамошното формирање на единствена пионерска репрезентација на Македонија и подготовките за претстојните меѓународни натпреварувања.