Мбапе раситна „стотка“ во Лигата на шампионите

Килијан Мбапе испиша нова страница во фудбалската историја, откако стана најмладиот играч кој стигнал до 100 настапи во Лигата на шампионите. Францускиот напаѓач го достигна јубилејот во дресот на Реал Мадрид, а неговите бројки во елитното европско натпреварување веќе се споредуваат со оние на Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Мбапе го одбележа својот стоти настап со погодок против Рома, во натпревар во кој Реал Мадрид славеше со 4-3. Со тоа француската ѕвезда стигна до 72 гола во првите 100 натпревари во Лигата на шампионите, потврдувајќи го својот статус на еден од најопасните напаѓачи на денешницата.

Според статистиката објавена од „Sports Illustrated“, Мбапе има подобар голгетерски учинок од Кристијано Роналдо во првите 100 настапи, но заостанува зад Лионел Меси.

Меси во првите 100 натпревари постигна 77 гола, додека Роналдо имаше 66 погодоци. Мбапе се наоѓа меѓу двајцата легендарни фудбалери со 72 гола, а на оваа бројка додаде и 25 асистенции.