МЗТ Скопје пак загуби во ФИБА Европа Купот

МЗТ Скопје не успеа да приреди изненадувања против АЕК, откако загуби со 69-85 во натпревар од четвртото коло во ФИБА Еврокупот.
Аеродромци го отворија мечот со водство од 7-0, но потоа АЕК потоа направи целосен пресврт и поведе со 9-7. По жестока борба, кипарската екипа ја доби првата четвртина со 23-20.
АЕК беше подобар и во вторите 10 минути, па на полувремето замина со предност од 49-42, по што следеше целосен распад на МЗТ.
Клучниот пад во играта на скопјани се случи во вториот дел, а АЕК ја искористи слабата реакција на македонскиот шампион, ја зголемуваше предноста и на крајот триумфира со 85-69.
Најдобар поединец во победничкиот состав беше Мајлс Тејт со 22 поени, три скока и пет асистенции. Кај МЗТ Скопје, Емир Крајиниќ се истакна со 17 поени и 12 скока.