Милан излезе од кризата и го декласира Лече

По двете нерешени средби, навивачите на Милан повторно се израдуваа на победа, росонерите со 3-0 славеа над Лече.

Резултатот го отвори Пулишиќ уште во 14. минута. Тоа беше единствениот погодок во првото полувреме.

По 15 минути игра во вториот дел Рабио зголеми на 2-0, а во 73. минута реализираше и Мореира за конечни 3-0.

По пет одиграни кола во Серија А, Милан е на 5. место со 11 освоени бодови.