Над 360 натпреварувачи на џудо турнирот „Прилеп Град Херој – 2026“ – Цевитана куп

На турнирот настапија над 360 натпреварувачи од 40 клубови, од кои 25 странски и 15 од Македонија, претставувајќи девет држави: Србија, Бугарија, Грција, Косово, Албанија, Турција, Црна Гора, Словенија и Македонија.

Натпреварите се одржаа во машка и женска конкуренција во категориите деца У12, помлади пионери У14 и пионери У16, на четири борилишта. За регуларното одвивање на борбите се погрижија судии од Македонија и од странство.

Турнирот го организираше Џудо клубот „Сеишин“ – Прилеп, традиционално во чест на националниот празник 11 Октомври. Настанот е дел од програмата на Општина Прилеп за одбележување на празникот.

Свеченото отворање започна со обраќање на потпретседателот на Џудо федерацијата, Миодраг Стојановиќ, по кого се обрати џудо-експертот на Интернационалната џудо федерација, Георге Дани. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, го прогласи турнирот за отворен, по што беше интонирана химната и започнаа борбите.

Посебен дел од настанот им беше посветен на џудо ветераните, кои одбележуваат десет години од формирањето на Иницијативниот одбор на џудо ветерани. Претседателот на Одборот и селектор на ветеранската репрезентација на Македонија, Киро Здравески, им додели признанија.

Најуспешни клубови по возрасни категории
У12 – момчиња: ЏК „Панионис“, Атина, Грција
У12 – девојчиња: ЏК „Кастриоти“, Урошевац, Косово
У14 – момчиња: „Џудо Тим“, Турција
У14 – девојчиња: ЏК „Гњилане“, Гњилане, Косово
У16 – момчиња: ЏК „Тигар Академија“, Грција
У16 – девојчиња: ЏК „Сеишин“, Прилеп

Со големиот број учесници, меѓународниот карактер и силната конкуренција, Цевитана куп уште еднаш го потврди своето место меѓу препознатливите традиционални џудо настани во регионот и придонесе за достојно одб