Неизвесен бокс-спектаклот меѓу Фјури и Џошуа

Само неколку дена по објавувањето на борбата помеѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа за 11 декември во Кардиф, од Велика Британија се појавија информации дека овој спектакл може да биде откажан.

Фјури тврди дека неговиот сонародник и промотер Еди Херн се обидуваат да го избегнат дуелот помеѓу двајцата поранешни светски шампиони во тешка категорија.

Оваа голема британска борба официјално беше најавена во четвртокот од промотерот Турки Алашик и стриминг платформата Нетфликс. Фјури и Џошуа требаше да се соочат за титулата на светски првак на WBA во тешка категорија, но несогласувањата се појавија кратко по официјалната објава.

„Ентони Џошуа и Еди Херн се обидуваат да откажат оваа борба. Тврдат дека сега не сакаат да се борат“, изјави Фјури во видео објава на социјалните мрежи во петокот навечер.