Одлична ждрепка за Охрид и Алкалоид, компликуван ривал за Бутел Скопје

Македонија ќе има три екипи кои играат во второто коло на Европскиот Куп на ЕХФ, тоа се актуелниот освојувач ГРК Охрид, претходниот освојувач Алкалоид и Бутел Скопје, а тие денеска ги добија противниците по пат на ждребка.

Второто коло во ЕХФ Купот, ГРК Охрид ќе го игра против Спор Тото од Турција. Алкалоид ќе игра двомеч против екипата на Ферлах од Австрија, додека Бутел Скопје предводен од Столе Стоилов ќе се сретне со ХРК Горица од Хрватска.

Првите натпревари од оваа фаза ќе се играат на 17/18 октомври, додека вторите натпревари се играат на 24/25 октомври.