Олимпијакос и Реал ќе играат за Суперкуп титулата на Евролигата

Реал Мадрид ќе игра против Олимпијакос во големото финале од Супер-купот на Евролигата што оваа година премиерно се одржува во Абу Даби.

Второто полуфинале меѓу Реал и Дубаи донесе жестока битка и беше решено со продолжение од пет минути, во кое поумешни беа кошаркарите на Реал и стигнаа до посакуваната победа од 98-95.

Центарот Тавареш и Луваву Кабаро беа најефикасни во победничкиот тим со по 20 поени, додека стрелците кај Дубаи ги предводеа Окобо со 24 и Бејкон со 19 поени.