Охрид го доби ербито со Алкалоид во „Биљанини извори“

Ракометарите на ГРК Охрид го добија дербито со Алкалоид, славејќи со 26-24 пред домашната публика и стигнувајќи до првата победа во дерби-дуелите во Суперлигата оваа сезона.
По ремито со Еурофарм Пелистер и поразот од Вардар, охриѓани конечно успеаја да освојат цел плен во пресметката со еден од ривалите од врвот на македонскиот ракомет.
Почетните минути донесоа цврста одбрана на двете страни и мал број погодоци, па по десетина минути игра резултатот беше израмнет на 3-3. Првиот посериозен чекор го направи Алкалоид, кој преку Никола Костески и Тодарсон поведе со 4-7.
Сепак, исклучувањата на Сухолежник и Стојковиќ им создадоа проблеми на гостите, а Охрид знаеше како да ја искористи ситуацијата. Стрмљан, Иванковиќ и Доминик Мате го предводеа налетот на домашниот тим, кој брзо се врати во игра и израмни на 7:7.
Алкалоид накратко ја прекина кризата преку Дамјан Митев, но новите грешки во нападот му овозможија на Охрид да ја преземе контролата. Домашниот состав поведе со 10-8, а на паузата замина со значителна предност од 15-11.
Избраниците на Ројевиќ продолжија во ист ритам и на почетокот на второто полувреме. Со сигурна игра во одбраната и ефикасни напади, охриѓани постепено ја зголемуваа предноста, која во еден момент достигна и шест голови разлика (19-13).
Алкалоид не се предаде и се обиде да се врати во натпреварот, успевајќи во одреден момент да ја намали негативата на три гола. Сепак, домаќините останаа доволно смирени во завршницата, ја задржаа контролата врз резултатот и го приведоа дуелот до крај за заслужена победа од 26-24.
Доминик Мате беше најдобар стрелец во победничкиот тим со шест погодоци, додека голманот Дино Славиќ забележа десет одбрани. Кај Алкалоид, Никола Костески исто така постигна шест гола, а Дамјан Митев го заврши натпреварот со пет погодоци.
Во вториот натпревар, Вардар ја продолжи победничката серија со убедлив триумф од 33-24 на гостувањето кај Струга.
„Црвено-црните“ ја потврдија фаворитската улога и стигнаа до шестиот триумф во шестиот натпревар од Суперлигата, задржувајќи го максималниот ефект и позицијата меѓу главните канди