Паднал договор, Почетино по Мундијалот го презема Милан

Маурисио Почетино, по завршувањето на Светското првенство, ќе стане нов тренер на Милан.
Италијанските медиуми денес потврдија дека Почетино ги прифатил сите услови на Милан, постигнал прелиминарен договор според кој ќе го преземе тимот по Светското првенство со годишена плата од 5.000.000 евра.
Покетино испиша историја со Тотенхем, подоцна не се прослави со Пари Сен Жермен и Челзи, а потоа ја прифати понудата да стане селектор на САД.
Негова главна цел е да ги однесе Американците што подалеку на Светското првенство, кое го организираат заедно со Канада и Мексико.
По Мундијалот, Аргентинецот ќе има уште една тешка задача, да го врати Милан во врвот на Серија А, што значи и пласман во Лигата на шампионите.
Милан неодамна се раздели со Масимилијано Алегри поради катастрофалниот финиш на сезоната, поради што откази добија и сите директори.