Парма му врачи отказ на тренерот Карлос Куеста

Шпанскиот стручњак Карлос Куеста повеќе не е тренер на италијанскиот прволигаш по само пет одиграни кола во новата сезона.
Парма донесе неочекувана одлука и го прекина соработката со тренерот Карлос Куеста, кој важеше за еден од најперспективните млади стручњаци во европскиот фудбал.
Куеста во Парма пристигна со големи очекувања, откако претходно беше дел од стручниот штаб на Микел Артета во Арсенал. Токму поради неговата работа со „топчиите“, 30-годишниот Шпанец често беше опишуван како тренерски вундеркинд.
Сепак, стартот на сезоната во Серија А не беше според очекувањата. По пет одиграни натпревари, Парма освои само бод, што беше доволно раководството на клубот да донесе одлука за разделба.
Клубот официјално ја потврди одлуката, заблагодарувајќи му се на Куеста за досегашната работа и посакувајќи му успех во продолжението на кариерата.