Пелистер ја загуби драмата со Работнички во дербито од третото коло

Кошаркарите на Пелистер и Работнички одиграа тврд и неизвесен натпревар во третото коло на Суперлигата, а победата на крајот замина кај скопскиот состав, кој славеше со конечен резултат 87-91.

Деби за паметење имаше Никола Кочовиќ, кој натпреварот пред битолската публика го заврши со 30 поени и пет асистенции, дополнети со четири скока. Си-Џеј Вилсон постигна 20 поени, со по четири скока и асистенции, додека Денинг оствари двоен ефект од 10 поени и 11 скока.

Во следното четврто коло Пелистер го пречекува Скопје 2023.