Повредата на Инкапие не е наивна, Арсенал стравува за Еквадорецот

Арсенал е загрижен за состојбата на Пјеро Хинкапие, откако се појавија снимки на кои еквадорскиот дефанзивец има сериозни проблеми со одењето по победата од 2-1 над Лидс.

Хинкапие влезе во игра во 82. минута, но за време на загревањето по натпреварот почувствувал болка во десниот зглоб, поради што соиграчите морале да му помогнат да го напушти теренот.

Засега нема официјална потврда за тежината на повредата, но неговиот настап против Лил во Лигата на шампионите во вторник е неизвесен.

Евентуалното подолго отсуство би му создало дополнителни проблеми на менаџерот Микел Артета, особено поради густата програма и потребата од ротации во одбраната.