Познати се осминафиналните парови од фудбалскиот Куп на Македонија

Денес во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа извлечени паровите за осминафиналето од фудбалскиот Куп на Македонија.
Во осминафиналето екипата на Вардар ќе игра против Тиквеш , а Силекс го доби Пелистер, но има и прволигашка пресметка меѓу Башкими и Шкендија Арачиново.
Осминафинални парови во Купот:
Скопје – Новаци
Струга ТЛ – Беласица
Брера – Арсими
Вардар – Тиквеш
Пелистер – Силекс
Работнички – Саса
Македонија ЃП – Брегалница
Башкими – Шкендија Арачиново
Точните датуми и саатници на одигрувањето ќе бидат одредени во следните денови, но мечевите ќе се играат на 27/28 октомври.