Полска прв финалист на Европското првенство во одбојка

Репрезентацијата на Полска се пласираше во второ последователно финале на Европското првенство во одбојка, откако во Милано убедливо ја совлада Словенија со 3-0 во сетови (25-23, 25-23, 25-18) и ја обезбеди својата четврта последователна медалја на континенталниот шампионат.
Во борбата за златниот медал, Полјаците ќе играат против победникот од полуфиналниот дуел меѓу Франција и Финска.