Прва победа за Акоста во Мото ГП шампионатот

Педро Акоста ја оствари првата победа во Мото ГП.
Акоста изби на првата позиција на стартот на деветтиот круг, а потоа до крајот доминантно извозе до последниот круг и направи нешто што не му одеше од рака досега.
Шпанецот ја оствари првата победа во „кралската класа“ во домот на КТМ, па не чуди фактот што овој триумф донесе огромна радост во боксот на австрискиот тим.
За КТМ ова е прва победа во Мото ГП по пауза од четири години, а тоа што доаѓа на домашно ја прави истата посебна за цел тим.
Зад Акоста денеска заврши Хорхе Мартин кој останува на првото место во генералниот пласман, и тоа со 12 бода повеќе од Марк Маркез кој денеска немаше добар настап.
Деветкратниот светски шампион заврши на петатата позиција, а покрај Акоста и Мартин, пред него завршија и Бецеки и Огура.