Пројковска одлично го одсуди ремито меѓу Реал и ПСЖ

Натпреварот од женската Лига на шампиони меѓу фудбалерките на Реал Мадрид и ПСЖ, заврши 1-1, за нас овој меч е важен затоа што го судеше нашата Ива Пројковска.

Реал Мадрид поведе уште во втората минута од мечот со гол на Шродер, но тоа беше единствениот погодок кој го постигнаа дамите на кралскиот клуб.

Израмнувањето стигна во 74. минута од пенал кога Карчау погоди за 1-1.

Пројковска беше главната судијка на мечот, а помошничка беше уште една Македонка, Елена Соколевска-Илиевска.