Разиграниот Бетис ја распарчи Осасуна во Севиља

Фудбалерите на Бетис вечерва ја победија Осасуна со 5-2 во осмото коло од шпанската Ла Лига.
Бетис го доби првото полувреме против Осасуна со 2-0, откако во листата на стрелци се запишаа Иско и Езалзули.
Будимир во 48. минута си постигна автогол и ја зголеми предноста на Бетис на 3-0, но набрзо следеше блесок на гостите.
Осасуна во рок од пет минути преку Будимир и Гарсија намали на 2-3 и ја врати надежта дека може да се спаси од пораз.
Бетис не дозволи да прокоцка триумф, па го засили темпото во продолжение и стрелаше преку Иско и Моранте за конечни 5-2.