Реал Мадрид го освои Суперкупот на Евролигата

Кошаркарите на Реал Мадрид го освоија Суперкупот во Евролигата, откако во одлично и неизвесно финале го совладаа Олимпијакос со 93-89.

„Кралевите“ подобро го отворија натпреварот и по првата четвртина имаа предност од 24-15, но грчкиот гигант не дозволи противникот да се одлепи.

До полувремето Олимпијакос успеа да ја намали негативата на само четири поени 43-47.

Во второто полувреме се водеше жестока борба за секоја топка, а вистинската драма се случуваше во финишот. Реал Мадрид беше посконцентриран во клучните моменти и на крајот стигна до победа од 93-89, со која го подигна трофејот.

Најефикасен кај победникот беше Тимоти Луваву-Кабаро со 12 поени, додека Саша Везенков го предводеше Олимпијакос со 22 поени.