Рустемовски загуби во полуфиналето на Европското првенство

Ален Рустемовски го заврши настапот на Европското првенство во Софија со освоен бронзен медал, откако македонскиот боксер не успеа да обезбеди пласман во големото финале.
Рустемовски во полуфиналето во категоријата до 60 килограми се соочи со украинскиот репрезентативец Ајдер Абдурајмов. По исклучително неизвесната борба, победата му припадна на Украинецот со судиска одлука 4-1.
Со тоа Рустемовски остана без можност да се бори за европското злато, но од Софија ќе се врати со бронзен медал.
За македонскиот боксер ова е уште еден значаен резултат на големите натпреварувања. Тој неодамна освои бронза и на Медитеранските игри во Таранто, со што продолжува да бележи значајни резултати на меѓународната сцена.