Рустемовски ќе се бори за медал на Европското првенство во бокс

Ален Рустемовски обезбеди медал за Македонија на Европското првенство во бокс во Софија. Македонскиот боксер во четвртфиналето славеше над Ерменецот Артур Базејан со судиска одлука 4:1.
Со оваа победа Рустемовски се пласираше во полуфиналето и си обезбеди најмалку бронзено одличје. За Рустемовски ова е еден од најголемите успеси во досегашната кариера. Тој претходно во осминафиналето го совлада Англичанецот Вилијам Хјуит, исто така со 4:1.
На шампионатот во Софија настапуваат околу 400 боксери и боксерки од 40 земји.
Рустемовски сега го очекува полуфиналната борба, во која ќе има можност да се бори и за пласман во големото финале.