Сара Ристовска најдобар стрелец на „Трофеј Македонија“!

На крајот на турнирот „Трофеј Македонија“ во Охрид на кое Македонија го освои второто место, од Ракометната федерација на Македонија (РФМ) како организатори им доделија признанија и на најдобрите ракометарки.
За најдобар стрелец на турнирот прогласена е Сара Ристовска од Македонија. Крилото на кам-бекот во дресот со државниот грб по тешка повреда и долгомесечна пауза, постигна вкупно 22 гола на трите натпревари.
За МВП на „Трофеј Македонија“ прогласена е Ивана Савиќ од Црна Гора, селекција која беше и освојувач на турнирот, додека најдобар голман е Луција Бешен од Хрватска.