Саутемптон со намера за откуп на Армандо Броја од Челзи

Екипата на Саутемптон планира да достави понуда од 25 милиони фунти за позајмениот играч од Челзи, Армандо Броја.

Албанскиот интернационалец кој моментално игра за популарните „светци“ е еден од најдобрите поединци во екипата. Тој успеа да биде стрелец на 7 гола во 21 натпревар од неговото пристигнување како позајмен играч од Челзи.

Позајмицата на Броја е до крајот на сезоната но без право на откуп, меѓутоа од Саутемптон се надеваат дека Челзи ќе одреди цена за продажба на напаѓачот и тој ќе може да трајно да премине во клубот од „Сент Мери“.