Седлоски: Швајцарија е најдобрата репрезентација која играла во Македонија

Македонија денес одигра лош меч против Швајцарија, не создадовме ниту една прилика, противникот беше доминантен во целиот тек на мечот и на крајот победи со 3-0.

По натпреварот свое видување даде селекторот Гоце Седлоски кој беше разочаран од изданието на неговите фудбалери.

„Сакам да ѝ честитам на Швајцарија, тие се една светска сила. Ние треба многу да учиме и да работиме, Швајцарија е Швајцарија. Ние сакаме нешто да подмладиме со репрезентација и полека, полека тоа го правиме“, вели Седлоски.

„Игравме со репрезентација кој има квалтетен играч на секоја позиција, посилна репрезентација досега не гостувала во Скопје, не само сега, туку и во периодот кога јас бев фудбалер. Беа предоминантни на секој дел од теренот, но ние не смееме да примаме голови по наши грешки, тие се велесила, но ние мора да покажеме и карактер, тоа секогаш го барам од фудбалерите. Кај некои играчи денеска тоа не го видов и во иднина ќе играат фудбалери кои играат во клубовите. Разговарав со фудбалерите и тој што ќе заслужува во иднина ќе биде на теренот, денеска од одредени фудбалери не бев задоволен од тоа што го покажаа. Во ваков натпревар се гледа каков карактер си, никогаш не треба да се плашиш и тоа го барам од нив. На тренинзите сите беа одлични, но вечерва имаше и такви кои потфрлија“.

„Презадоволен сум од Гаштаров кој покажа како треб да се игра за Македонија со срце и борбено од почеток до крајот. Одличен беше и Мелиќи“.