Селекторот Лазаров го објави списокот на играчи за стартот на евро-квалификациите

Машката сениорска репрезентација ја очекува стартот на квалификациите за ЕХФ ЕУРО 2028. На почетокот на ноември ќе одиграме два натпревари, со Луксембург дома и Грција на гостински терен.

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров денеска го објави скратениот список на ракометари за собирот за овие два натпревари.
Македонските ракометни репрезентативци собирот ќе го имаат на 01.11.2026 (недела) во 14.30 часот во хотел „Александар Палас”, Скопје.