Сити ги распарчи Ливерпул на гостински терен и остана премиерлигашки лидер

Манчестер Сити со убедливи 3-0 го победи Ливерпул на Енфилд, натпреварот беше рамноправен до 62. минута кога домаќините останаа со фудбалер помалку.
Ливерпул дури беше и подобар противник во периодот додека двете екипи имаа по 11 фудбалери на теренот, црвените имаа шанси да дојдат во водство.
Гравенберх во 62. минута доби втор жолт картон, автоматски црвен, го остави својот тим со фудбалер помалку. Манчестер Сити тоа веднаш почна да го користи. Во 65. минута Халанд даде гол за водство од 1-0, а три минути подоцна погоди Доку за 2-0
Конечните 3-0 за Сити ги постави Шерки во 78. минута.