Сколс: Новајлиите не се вклопуваат во системот на Јунајтед

Легендарниот фудбалер, Пол Сколс, вели дека Манчестер Јунајтед не може да направи конкурентен тим во трката за титулата во Премиер лигата.
„Тие доведоа играчи кои се можеби физички посилни. Сантос одигра 11 натпревари за Челзи и го платија 50 милиони но, тој не се вклопува во тимот. Ако регрутирате играчи, тие треба да бидат подготвени да ја освојат титулата“ – вели Сколс.
„Мајкл Керик е многу разочаран од тоа што се случи во летото. Мислам дека длабоко во себе чувствува разочарување“ – рече поранешниот член на „црвните-ѓаволи“.