Стеф Кари го продолжи договорот со Голден Стејт

Стеф Кари, потпиша двегодишно продолжување на договорот со Голден Стејт Вориорс.
Според американските медиуми Кари ќе заработи 116 милиони долари во текот на две години.
Ако го одработи договорот до крај, Кари ќе има играно 20 сезони во НБА, нешто што досега го направиле само 12 кошаркари, а само тројца од нив (Дирк Новицки, Коби Брајант и Адонис Хаслем) играле 20 сезони за еден ист тим.