Тајсон Фјури против Ентони Џошуа закажаа борба во Кардиф

Големиот британски боксерски дуел меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа, а судирот меѓу поранешните светски шампиони во тешка категорија сега е и официјално потврден.

Двајцата Англичани, кои своите последни подготвителни борби ги имаа кон крајот на јули, ќе се соочат на стадионот „Милениум“ во Кардиф, главниот град на Велс, каде што ќе биде поставен рингот за настанот закажан за 11 декември, пренесува Би Би Спорт.

Двајцата борци се во завршната фаза од своите кариери, а многу фанови сметаат дека овој меч требало да се случи пред најмалку една деценија. Сепак, нема сомнеж дека тој ќе привлече огромно светско внимание. Нивните јулски подготвителни борби не поминаа толку мазно како што можеше да се очекува со оглед на нивниот статус на ѕвезди.