Тиквеш го исфрли Вардар од Купот на Македонија

Познати се шест екипи кои го продолжуваат настапот во Купот на Македонија.

Во дербито од осминафиналето од најмасовното натпреварување Тиквеш во Скопје го совлада Вардар со 3-1.

Серијата погодоци ја отвори Окере Висдом во 49. минута. Девет минути подоцна Бобан Николов израмни на 1-1, а во шеесет и втората Сила Н’Фанли му носи предност на Тиквеш ос 2-1. Конечниот резултат го постави Емануел Лавал со голот во 75. минута.

Македонија ЃП по подобро изведување на удари од белата точка ја елиминираше штипска Брегалница. Гостите во првото полувреме имаа предност од 2-0, а стрелци на головите беа Иван Николов во 26. и Иван Глигоров во 36. минута.

Во 58-та Борјан Томовски намали на 2-1, а во претпоследната минута од мечот, Бесмир Исмани го постигна вториот погодок за Македонија ЃП. Во пенал серијата поуспешен домаќинот кој на крајот славеше со 5-4.

Еден гол го реши дуелот меѓу Скопје и Новаци. Стрелец на победничкиот погодок за домашниот состав беше Милош Гордиќ во 67. минута.

Струга Триум Лум дуелот против Беласица го реши уште во првиот дел и тоа со головите на Марјан Радесли во 35. и 38. минута.

Работнички забележа победа од 3-2 во соочувањето со Каменица Саса. Гостите од Македонска Каменица поведоа со голот на Филип Николовски во 15. минута. Девет минути подоцна Александар Богданоски израмни на 1-1, а во 31. исиот играч му носи предност на Работнички од 2-1.

По десет минути игра во второто полувреме Николовски повторно се запиша меѓу стрелците за израмнување на 2-2, а конечните 3-2 ги постави Богданоски во 80. минута.

Шкендија од Арачиново место во четвртфиналето обезбеди откако со 2-0 славеше на гостувањето во Куманово на дуелот против Башкими.

Марко Симоновски беше стрелец на првиот гол за Шкендија, вториот погодок беше дело на Бесир Демири во 77. минута.