Фенербахче го сака Мартин Мирчевски

Најдобриот стрелец во првата македонска лига Мартин Мирчевски преговара со Фенербахче, пренесуваат медиумите во Турција.

Новинарот Арда Бирбен како ексклузивна информација пренесува дека преговорите помеѓу Мирчевски и Фенебахче се започнати, а неговиот агент утре ќе пристигне во Истанбул.

Од почетокот на преодниот рок Мирчевски се поврзува со повеќе клубови, но дефинитивно Фенербахче до овој момент е најголемото име. Секако дека трансфер во турскиот гигант би бил голем чекор за напаѓачот на Академија Пандев.