ФИФА ќе подели две милијарди на своите земји членки

УЕФА и КОНКАКАФ го информирале Џани Инфантино дека ФИФА може да распредели повеќе од 2 милијарди долари меѓу своите членови без да ги продаде правата за Светското првенство, објави „Тајмс“. 

Во заедничко писмо до претседателот на ФИФА од страна на раководителите на УЕФА и КОНКАКАФ, се наведува дека исплатата на по 10 милиони долари на секоја од 211-те национални асоцијации би било „разумно и изводливо решение“.

Копии од писмото беа испратени до сите членови на Советот на ФИФА кои набрзо ќе се состанат во Цирих.