Хет-трик на Рафиња, Барса победнички мина и низ Севиља

Барселона не застанува во својата победничка серија. Седма победа во седмиот меч за „Каталонците“ оваа сезона во Ла Лига, откако вечерва ја совлада Севиља на гостински терен со 1-3.
Рафиња со „хет-трик“ го одлучи мечот и од негатива, целосно го сврте натпреварот и на крајот Барселона си заминува со три бода од тешкото гостување во Севиља.
Во 19-тата минута Севиља го отвори резултатот. Феликс ја нафрли топката до Фофана кој со глава постигна гол за предност на домашниите.
Барселона реагираше после само три минути. Рафиња доби одлична топка од Кристенсен, и успеа да израмни.
Веднаш по израмнувањето, домашните со уште еден опасен напад кој заврши за малку крај голот. Фофана имаше одлично додавање на Кореа, меѓутоа не реагираше навреме, и шансата пропадна.
Стартот на вториот дел почна со доминација на Барселона Јамал за малку го промаши голот и биеше крај левата статива. Во 52. минута Јамал се ослободи и додаде до Рафиња кој со глава ја смести топката во мрежата за 1-2.
Бразилецот го комплетираше хет-трикот откако доби топка од Јамал, и со лоб удар успева по третпат да го совлада Влаходимос за конечни 1-3.