Христијан Илиоски освои уште еден европски трофеј во мотоциклизам

Христијан Илиоски – Кико ја потврди титулата во BMU Европскиот мотокрос шампионат во класата MX1, откако на седмата рунда во Унгени, Молдавија, запиша две победи.
Со максималните 50 поени од двете трки, македонскиот возач стигна до 279 поени во генералниот пласман и создаде недостижна предност од 106 поени пред Турчинот Јигит Али Селек.
До крајот на сезоната остануваат уште две рунди, но Кико веќе е недостижен и ја обезбеди титулата за 2026 година.
За Илиоски ова е петти европски трофеј во кариерата, а вкупно има 18 шампионски титули, 13 национални и пет европски.