Челзи ја има најлошата своја одбрана во овој милениум

Челзи има најлоша одбранбена статистика во Премиерлигата во календарската 2026 година. Лондонскиот клуб досега примил дури 43 гола во првенството, повеќе од која било друга екипа во англиската елита.
Проблемите дополнително се продлабочија по поразот од Брентфорд со 0:3 во петтото коло. За тимот на Челзи тоа беше 22. последователен натпревар во Премиерлигата на кој прими гол.
Последниот меч без примен погодок „сините“ го одиграа на 17 јануари, кога славеа токму против Брентфорд со 2:0.
Зад нив на листата според бројот на примените голови во 2026 година е Кристал Палас со 42, додека Њукасл и Тотенхем имаат по четири гола помалку од Челзи.