Јакин: Од самиот почеток одиме на победа во Скопје

Селекторот на Швајцарија, Мурат Јакин, најави одредени промени во составот за натпреварот против Македонија, нагласувајќи дека тимот останува фокусиран на победа на дуелот кој ќе се одигра во Скопје како старт на сезоната во Лигата на нациите.
Утре нѐ очекува нов натпревар. Ќе има еден или двајца нови играчи во тимот. Младите фудбалери мора да се интегрираат, како во секој квалификациски циклус. Но, ние сме позитивни и ориентирани кон изнаоѓање решенија“, додаде швајцарскиот селектор.
Швајцарската репрезентација тренингот го одржа во Турција наместо во Македонија, пред сѐ поради подобра организација на времето. Сепак, Јакин упати критики кон тревникот на арената во Скопје.
„Кога ќе видите терен со трева висока седум сантиметри, тогаш сте среќни што утрово трениравте во Турција. Би бил задоволен ако тревата беше искосена, бидејќи на ваков терен не може да се игра фудбал“, изјави Јакин.
Тој потенцираше дека Швајцарија располага со доволно квалитет и искуство за да го наметне својот стил на игра.